Во Тетово Дедо Мраз на точак

Од:

Велосипедистите од инцијативата „Критична маса Тетово на точак“ денеска својата дваесет и прва обиколка на градските улици ја започнаа и завршија со Дедо Мраз. Втора година по ред Дедо Мраз на велосипед ги посети децата од Центарот за едукација и рехабилитација на деца со потешкотии во развојот – “Виножито за сите” со цел да ја прошири предновогодишната радост и со децата со потешкотии во развојот.

-Ирвасите се тешки за хранење а точакот е бесплатен за одење. Не можеме да му ставиме ракети за да лета меѓутоа може да го возиме и во зимскиот период, има сонце и мислам дека е соодветно возило за овој настан денеска, изјави Дедо Мраз на велосипед.

За велосипедистите практично нема време освен мразот што би спречило користење на велосипедот за движење низ Тетово. И денеска тие со соодветна велосипедска но и зимска облека од плоштадот поминаа низ главните тетовски улици.

-Да покажеме дека низ Тетово може да се движиме и со велосипеди а не само со возила и да немате каде да се паркирате. Не можете да спортувате во зима но можете да се однесете било каде во град со велосипед, рече Дедо Мраз на велосипед.

Велосипедистите од критична маса Тетово на точак очекуваат дека тетовци во следната година ќе ја подржат оваа нивната инцијатива со што велосипедот ќе стане уште повеќе присутен на градските улици а ќе се намали загадувањето.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов