Во Франција отворена пекара со вчерашно пециво

Од:

Во францускиот град Ним, со рекордна стапка на невработеност, отворена е пекара каде исклучиво се продава пециво од претходниот ден.

Пецивото во новоотворената пекара е двојно поевтино и според зборовите на вработените многу добро се продава.

Францускиот багет чини 40 центи наместо 80 и 90, а продавачката вели дека ако го попрскате со вода и го загреете во рерна, ќе стане повторно свеж.

Во пекарата можат да се најдат и останати видови пециво кои не се толку подложни на „сушење“, како што се кроасаните, кои посебно добро се продаваат, како и пици и колачи.

Пекарата се снабдува со производите кои останале од претходниот ден од локалот на истиот сопственик.

Големата посетеност на пекарата која продава стар леб и која е прва од овој вид во Франција, како што коментира францускиот весник „Паризиен“, не треба да биде чудна, бидејќи станува збор за град на југот на Франција во кој стапката на невработеност има рекордни 13,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов