ВИДЕО: Тинејџерка трансексуалец, прогласена за „мис“

Од:

16-годишната Кесиди Лид Кембел, е првиот трансексуалец кој што важи за една од најомилените ученички на една гимназија во САД, откако учениците во Гимназијата „Марина“ во Хантингтон Бич (Калифорнија) ја избраа за „мис“.

Титулата и е доделена во рамките на манифестацијата која секоја година се одржува на одделни универзитети, во гимназиите и колеџите ширум САД.

Во таа пригода се одржуваат разни спортски натпревари, паради или се организира бал, на кој се избира кралицата, врз основа на омиленост, убавина или заслуга во конкретната образовна установа.

Со солзи на очите, Кембел ја прими наградата пред другите гимназијалци, роднини и фудбалери.

-Не го направив тоа поради себе. Го направив заради други, ширум државата- изјави таа по прогласувањето.

Нејзините врсници со воодушевување и честитаа за освоените гласови.

-Мислам дека е супер, тоа што и дозволивме да учествува -изјави ученичката Келси Каланан.

Меѓутоа имаше и од такви кои со негодување ја прифатија веста дека Кембел ќе се натпреварува за најомилена ученичка.

-Тие мислат дека сум само момче, кое сето тоа го прави од разонода, дека сум момче кое се облекува како девојка за да ја освои титулата, а вистината е спротивна. Одсекогаш себеси се доживував како женско, вели таа.

Кесиди која до пред три години живееше како момче Ленс Кембел, не дозволи да ја обесхрабрат негативните реакции.

-Целта не ми беше да станам позната, туку да ги натерам луѓето да посветат внимание на светот околу себе, да ги навлечам да бидат без предрасуди и уште еднаш да размислат за општествените норми-напиша таа на „Твитер“, додека на „Јутјуб„ објави видео запис на кој се гледа нејзината односно, негова секојдневна трансформација.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ