ВИДЕО: Ријана направи спектакл на Супербоул и објави дека е бремена

Од:

Поп-ѕвездата Ријана се врати на сцената по петгодишна пауза, настапувајќи на полувремето на Суперболот, најгледаниот спортски настан во САД.

Пејачката по настапот потврди дека е вторпат бремена, а за време на настапот неколку пати го допираше стомакот.

Ријана настапи на пловечки платформи, кои полека се спуштаа кон тревникот каде Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс се бореа за титулата најдобар НФЛ тим оваа сезона.

Таа беше облечена во црвен костим, а во настапот кој траеше околу 15 минути изведе делови од нејзините најголеми хитови во придружба на десетици танчери облечени во бели тренерки.

За 34-годишната пејачка од Барбадос ова беше прво појавување на големата сцена во последните пет години, по турнејата на која беше кога го објави последниот албум Анти во 2016 година.

Настапот на полувремето во Супербоул е резервиран за најголемите музички ѕвезди, па со текот на годините Лејди Гага, Бијонсе, Принс, Мадона, Ролинг Стоунс и многу други ги забавуваа гледачите на стадионите и стотици милиони други пред телевизиските екрани.

Американската национална химна пред почетокот на натпреварот ја испеа познатиот кантри пејач Крис Стејплтон, а оскаровецот Трој Коцур истовремено ја изведе националната химна на американски знаковен јазик.

Би можело да ве интересира

Трамп ја нападна бремената Ријана по настапот: „ Со поганиот речник го навреди нашиот народ“

Билетите за Супербоул најскапи во историјата

А1он

Ријана го чека своето прво дете

А1он

ВИДЕО: Ријана прогласена за национална хероина на Барбадос

Ана Ололовска

Ријана го потврди „Севиџ екс Фенти в. 3“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вечниот Том Брејди го освои „Супербоул“ и со Тампа Беј

Катерина Ѓуровски