Долгогодишната кантри икона, пеачот Кени Роџерс (81) почина во петокот вечерта, соопшти неговото семејство.
Тој е познат по хитовите: „The Gambler“, „Lady,” „Islands in the Stream“ и „Lucille”.
Пеачот почина мирно во својот дом во Сенди Спрингс окружен со своето семејство од природна смрт, стои во соопштението.
Кени Роџерс беше добитник на три Греми награди, шест награди од Кантри музичката асоцијација -„CMA“ како и на други престижни американски, но и светски награди.