Пејачката на The Girls Just Wanna Have Fun заедно со Род Стјуарт се на турнеја низ Австралија која трае до 2 април. На концертот во Род Лајвер Арената, пејачката која за некој месец ќе наполни точно 70 години, предизвика овации и изненадување од своите гласовни можности.
Кулминација беше нејзиното изведување на песната „ I drove all night“, по што публиката по концертот остави само позитивни коментари на социјалните мрежи.
Синди Лаупер се прослави во 1980-тите и најпрво го освои светот со нејзиниот деби албум „She’s So Unusual“. Иако ја споредуваа со Мадона, Синди сепак изгради уникатна кариера и продолжува да настапува низ целиот свет.
Исто така, таа не го остави зад себе необичното чувство за мода. На настапите, како и на ревиите или на црвениот тепих, можеме да ја видиме во интересни креации и често ја менува бојата на косата.