ВИДЕО: На Шри Ланка откриен најголемиот сафир во светот, тежок 310 килограми

Од:

Властите во Шри Ланка денеска го прикажаа, како што наведуваат, најголемиот природен син сафир во светот, тежок 310 килограми, кој бил пронајден во јама за скапоцени камења пред околу три месеци.

Локалните експерти кои го испитувале сафирот велат дека тој е еден од најретките скапоцени камења во светот бидејќи тежи повеќе од 300 килограми, што меѓународните организации допрва треба да потврдат.

Сафирот е изложен во куќата на еден од сопствениците на јама за ископување скапоцени камења во градот Хорана, 65 километри јужно од главниот град Коломбо.

Скапоцениот камен е пронајден во областа Ратнапура, која е богата со скапоцени камења, каде локалното население претходно случајно пронашло најголема концентрација на таканаречени „ѕвездени сафири“ во еден двор.

Ратнапура е позната како престолнина на скапоцени камења на Шри Ланка, која е најголем извозник на сафири и други скапоцени камења.

Земјата минатата година заработила околу половина милијарда долари од извоз на скапоцени камења, дијаманти и друг накит, соопшти локалното тело за индустрија на скапоцени камења и накит.

Би можело да ве интересира

Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Бараат да им го вратат дијамантот: „Срамно сме сиромашни и со криминалци, виновни се Кралицата и нејзините предци“

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Индиски селанец ископа дијамант и преку ноќ стана милионер

Ана Ололовска

Боцвана: Ископан третиот најголем дијамант во светот

Ана Ололовска