Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Од:

Осмиот пакет санкции на ЕУ против Русија содржи повеќе скапоцени метали, но не и дијамантите, клучна индустрија за Белгија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија вчера го презентираше последниот предлог за нови рестрикции врз Русија. Меѓу нив ограничување на цената на руската нафта што се извезува во трети земји кои немаат санкции против Москва, но и низа материјали, супстанци и производи, со цел да се намалат приходите на Кремљ.

Но и покрај бројните повици да се вклучат дијамантите во списокот на санкции, тоа ниту овој пат не се случи.

Дијамантската индустрија е многу важна за Белгија. Иако Белгија официјално не се изјаснува против санкции во оваа област, медиумите и експертите тврдат дека е силно лобито кое врши притисок врз ЕУ институции и земји да не се вклучат дијамантите во санкциите.

Бројни други луксузни производи како златото и други се санкционирани, но руските дијаманти сѐ уште пристигнуваат на европскиот пазар.

Според американски официјални статистики дијамантите претставуваат 30 отсто од глобалната трговија на Русија, и е во десетте главни извозни производи кога се исклучува енергијата. Во 2021 оваа трговија изнесувала над 4,5 милијарди евра за Москва.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Москва одговори на американските санкции, „рампа“ за повеќе од 200 Американци

Македонската компанија „Сајтрокс“ под санкции од САД заради шпионскиот софтвер „Предатор“

Катерина Ѓуровски

Волстрит Журнал: Русија однесе победа на пазарот на нафта

Предраг Петровиќ

ЕУ воведе нови санкции за Иран поради поддршката за Русија и Сирија

Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти