Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Од:

„Енигма“, најголемиот брусен дијамант во светот од 555 карати, продаден е вчера во Лондон за 3,16 милиони фунти (3,8 милиони евра), откако неодамна беше првпат изложен.

Се верува дека реткиот црн или карбонадо дијамант се формирал кога метеорит или астероид удрил во Земјата пред повеќе од 2,6 милијарди години.

Дијамантот од 555,55 карати достигна цена од 3,16 милиони фунти на онлајн аукција одржана од лондонската аукциска куќа Sotheby’s.

Карбонадите обично се наоѓаат во близина на површината на Земјата, што укажува на вонземско потекло.

„Се смета дека овој специфичен тип на црн дијамант потекнува или од удари од метеори кои произведуваат природно таложење на хемиски пареи или е од вонземско потекло – од експлозии на супернова кои формирале астероиди со дијаманти кои на крајот се судриле со Земјата“, соопшти аукциската куќа.

Дијамантот е една од најтешките материи за сечење.

На експертите им требале три години да го претворат сировиот дијамант во овој скапоцен камен, а неодамна беше прикажан во Дубаи, Лос Анџелес и Лондон.

Неговата форма е инспирирана од блискоисточниот симбол на моќ и заштита во форма на дланка, Хамса, кој исто така се поврзува со бројот пет.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Бараат да им го вратат дијамантот: „Срамно сме сиромашни и со криминалци, виновни се Кралицата и нејзините предци“

А1он

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он