Ако луѓето до сега не го сфатиле тоа – спортските натпревари не се добри места за запросување. Особено не кога сето тоа ќе испадне дека е несолена шега.
Романтика, паѓање во клише и „клекнување“ на спортски натпревари…
Можеби секогаш ќе го има тоа чувство „уште едно по ред“. Најновото видео е најдобар показател зошто оваа практика треба да се напушти.
Бејзбол натпреварот помеѓу Торонто Блу Џејс и Бостон Ред Сокс стана светска сензација поради тоа што се случи на трибините.
Имено, еден дечко мислел дека е одлична идеја да запроси девојка на трибините (најверојатно затоа што сакал да биде пред камерите) и додека девојката се враќала на трибината, тој застанал пред неа и клекнал.
Следеше познатото прашање „Ќе се омажиш ли за мене?“. Наместо „да“ што го очекуваше, доби шлаканица.
Да, вистинска шлаканица. Девојката не можеше подобро да покаже колку не ѝ се допаѓа моментот кој засекогаш ќе го памети дека е во паузата меѓу реклами и бејзбол натпревар. Сепак, таа можеби ќе го надминела тоа доколку младиот човек не извадел пластичен прстен кој всушност е играчка.
Таа му удри шлаканица, а тоа ги шокираше сите на трибините. Мислеше дека дојде моментот што го чекаше и сето тоа беше само една несолена шега.
Не и се допаднало недостатокот на креативност, оригиналност, па решила тоа директно да му го покаже.