Британскиот музичар Хари Стајлс настапи на Филипините во рамките на својата светска турнеја кога во еден момент беше прекинат од смешен транспарент на една обожавателка.
– Хари! Момчето вели дека ќе ме запроси ако пееш со него, мафташе таа во ВИП ложата на салата во која се собраа 55 илјади фанови.
Кога ги дозна нивните имиња, Хари ја прашал младата двојка: „Џеф, дали си подготвен да се венчаш? Мишел, дали си подготвена? Дали си сигурна? Што сакаш да пееш?“ тој праша на што Џеф го избра хитот на пејачот „Sign Of The Times”.
Откако Џеф го доби микрофонот, низ арената почнаа да одѕвонуваат почетните тактови од песната и почнаа да пеат заедно.
– Ќе се омажиш за него Мишел?, ја праша Хари, по што Џеф престана да пее и официјално ја запроси.
Додека целата арена воодушевено навиваше кога Мишел кажа „да“, музичарот ја отпеа песната до крај.
Патем, Хари веќе им помогна на фановите да ги запросат своите девојки, па дури и јавно истапуваат во јавноста за време на неговата актуелна „Love On Tour“.
На настапот во Австралија во март, тој го прекина концертот и му подари микрофон на еден млад човек кој потоа ја запроси својата девојка.
Обожавателите подоцна го споделија неверојатниот момент на социјалните мрежи, а видеото, кое набрзо стана вирално, собра повеќе од 200.000 лајкови.