Како и многу други програми, така и забавните особено вечерните шоу програми го прекинаа снимањето до 30 март како одговор на појавата на коронавирусот, но тоа не го попречи американскиот водител, Џими Фелон да ја забавува својата публика додека седи дома во карантин.
Тој во своето видео најголема цел имаше да ја забавува својата сопруга Ненси, која му помогна да го сними првото видео од домашната едиција на „Вечерното шоу“ кое е објавено на Јутјуб.
Фелон призна пред јавноста дека неговата сопруга не се смее на било што во смисла дека не може се да ја насмее и дека водителот треба добро да се потруди за да ја насмее.
Тој симпатично го држеше погрешно напишаниот знак од логото на шоуто кажувајќи им на обожавателите дека неговата ќерка Вини била одговорна за одделот за графика.
Во своето обраќање тој исто така го прослави и денот на Свети Патрик со пивото Гинис како и други традиционални ирски додатоци.