Џенифер Лопез ја „запали“ сцената на полувремето на еден од најважните спортски настани во САД.
Џеј Ло се погрижи со својот секси танц и полуголото издание да ја „запали“ атмосферата на овој спортски настан што го следеше целиот свет.
Нејзиниот изглед, креациите кои ги носеше, танцот и доминацијата на сцената предизвикаа воодушевување не само кај публиката и гледачите пред малите екрани, туку и корисниците на друштвените мрежи, кои беа воодушевени.
„Значи, велите дека Џенифер Лопез има 50 години, има две деца и изгледа така“, „Ако не изгледам како Џенифер Лопез кога ќе имам 50 години, фрлете ме некаде“, „Нека ми каже некој дека Џенифер не е најимпресивната спортистка на стадионот вечерва“, се само некои од коментарите што ги преплавија друштвените мрежи.
Самата пејачка објави на Инстаграм неколку видеа и ги откри своите впечатоци по настапот.
„Благодарност на мојојт неверојатен тим на најлегендарното полувреме кое можев да го замислам. Ве сакам многу“, напиша пејачката.
Џеј Ло ги испеа „Jenny From The Block“, „Ain’t That Funny“ и „Get Right“ со импозантна кореографија, а во еден момент на сцената и се придружи и нејзината 11-годишна ќерка која и помогна да отпее еден од најголемите хитови.
На сцената се приклучи и Шакира чиј настап подеднакво ја „запали“ публиката.