(ВИДЕО) Цукенберг: Откривме голем број профили за лажни вести од Македонија

Од:

Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг изјави за Си-Ен-Ен дека во 2017 година откриле голем број лажни профили од Македонија од каде се шират лажни вести, и оти е подготвен да сведочи пред американскиот Конгрес поради злоупотребата на лични податоци на милиони корисници на таа социјална мрежа.

– Во 2017 година за време на специјалните избори за Сенатот во Алабама, употребивме нови алатки што ги развивме со цел да откривање лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести. Пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Не очекува напорна работа за да им отежнеме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажни вести, рече Цукенберг.

Тој призна грешка и изрази жалење поради скандалот.

– Навистина ми е жал за тоа што се случи, изјави Цукенберг во интервјуто, прво откако е обелоденет скандалот со компанијата Кембриџ аналитикс која се поврзува со претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година.

Тие признаа дека имале пристап до 50 милиони корисници на Фејсбук без нивно знаење и чувале податоци откако Фејсбук побарал бршиење на податоците.

– Тоа претставува злоупотреба на многу важна доверба и искрено ми е жал за тоа што се случи. Нашата одговорност е тоа да не се повтори, изјави Цукенберг.

Според него, компанијата направила грешки и истакна дека тоа ја менува нивната политика за приватност за да се заштитат сите корисници на социјалната мрежа.

– Би сакал тие чекори да беа преземени претходно. Тоа е веројатно најголема грешка што сме ја направиле, изјави Цукенберг.

Тој најави ограничување на пристапот до лични податоци на корисници на ФБ и известување до сите корисници чии податоци би можеле да бидат злоупотребени без нивно одобрување.

– Јасно е дека во 2016 година не ја исполнивме добро задачата да одговориме на предизвиците како што треба, без разлика дали станува збор за мешањето на Русија во изборите во САД или за лажните вести. Но, тоа што го видовме оттогаш е дека неколку месеци подоцна имаше избори во Франција каде распоредивме некои ИТ алатки што исполнија голема работа при идентификување руски „ботови“ како и детектирање потенцијално руско мешање…Оваа година има избори во Индија во Бразил и во други делови од светот, и ве уверувам дека сме целосно посветени да направиме се што треба за да се заштити интегритетот за тие избори од страна на Фејсбук, изјави Цукенберг.

Би можело да ве интересира

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга

Си пуши и си ужива – запомнете го овој ден порача Груби

А1он