Во Јужна Кореја се прават најмногу пластични операции по глава на жител во целиот свет. Тоа јасно се виде и на регионалниот избор за убавици, каде натпреварувачките имаа речиси идентичен лик.
Краток нос, полни усни и истакнати јаболкници се цртите на лицето со кои жената обично се издвојува од масата. Но што се случува ако такви убавици се најдат во море на жени кои изгледаат речиси идентично?
Токму таква ситуација се случи на регионалниот избор за убавици, каде кандидатките беа слични како јајце на јајце. „Клонираниот“ изглед најверојатно има врска со податокот дека Јужна Кореја е понапред од сите по бројот на пластични операции во светот.