Долго очекуваниот MAC 2020 во Штарк арената се ближи, а атмосферата на регионалното доделување на музичките признанија на 27 јануари да биде на највисоко ниво, ќе се погрижат најпрепознатливите ТВ-лица од регионот.
Живиот пренос на MAC килимот почнува во 19:30, а по него ќе прошетаат повеќе од 400 познати лица од шест земји учеснички: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Словенија.
Преносот на манифестацијата почнува во 21 часот, а домаќини на вечерта во Арена ќе бидат Галеб Никачевиќ,Тамара Тодевска и Ана Радишиќ. За возбудувањето пред најголемата регионална манифестација и очекувањата, како и за свечените тоалети, со нив на црвениот килим ќе разговараат водителите Николина Пишек, Бошко Јаковлевиќ и Тамара Пауновиќ.
Тамара Тодевска вели дека е мошне среќна што ќе биде дел од MAC: „Тоа е ноќ во која ја славиме музиката, различноста и што е најважно – неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници.“