Тајната на собата 3327 на Тесла

Од:

Телеграф – Белград

Наталија Принци е блогерка на хрватскиот портал Вечерњи.хр, а таа своите импресии за престојот во хотелот „Њујоркер“ и собата на Тесла ги сподели со читателите на неговиот роденден.

Во моментот кога се затекнав во собата на Тесла со број 3327, поминале точно 70 години од неговата смрт. Бев поканета на првата Комеморативна конференција на Тесла, одржана во чест и одбележување на неговата смрт во хотелот „Њујоркер“ во јануари 2013 година. Напишав книга неколку години пред тој ден и ја нареков „Теслината фреквенција на мирот. Тоа беше приказна за неговите три последни денови од животот, но подлабоко го рефлектира неговиот целокупен труд во донесување на мир на нациите во светот.

Тесла подобро од било кој разбрал дека тоа нема да биде лесна задача. Војните биле масовни движења без разум кои цврсто се темелеле на слепо и лажно верување на нациите кои ги почнувале. А знаел дека на масите им треба време да се смират.

Чиста физичка законитост натопена во крв и чест – Смртта. Ништо повеќе, ништо помалку ни чесно. Само тоа!

Таа ноќ бев воодушевена од фактот дека седам во неговата соба. Мојата воодушевеност траеше и претходните денови. Посебно ме воодушеви исклучителноста: Тесла се уште можел да ги привлече луѓето да го следат неговиот пат.

Всушност ништо не се променило освен времето од 1943 година плус 70 години потоа и поради таа необичност, Тесла беше единствениот кој всушност недостасуваше во таа вечерна слика на собата 3327.

Во врска со просторната компонента од таа иста формула, ништо не е сменето. Димензиите на собата беа исти, целиот хотел само малку се изменил, а еден вид на речиси енергија која може да се допре лебдеше по неговата соба.

Седев на еден од двата кревети кои сега ја красат собата и гледав наоколу. Просторот во кој престојувал Никола Тесла, еден од најголемите умови на модерната историја, беше клаустрофобично мал од плафонот до подот и од ѕид до ѕид. Можев живо да го замислам, така висок, како бавно се движи по таа мала соба. Помислив, со апсолутна сигурност во сопствената проценка, дека никогаш нема да се изгради поголем споменик на човекова неблагодарност од собата 3327 во хотелот „Њујоркер“.

Го слушнав строгиот приговор на Тесла: – Наталија, не ми беше потребен голем простор за размислување.

Му се спротивставив: – Ова повеќе не е приказна за Вас, господине Тесла. Кога подобро ќе размислам, никогаш и не била за Вас. Собата не зборува толку за Вас, колку што се огледува во нас луѓето, неблагодарни будали. Многу бисери сте фрлиле пред свињи, зарем не мислите?

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ