Суд во Ирска: Лебот за сендвичите „Сабвеј“ не е леб

Од:

Лебот што се користи за американските сендвичи „Сабвеј“ не може да се дефинира како леб, според Врховниот суд на Ирска. Како што се вели во одлуката, причината за тоа е преголемата содржина на шеќеp во него.

Случајот е инициран од компанијата „Букфајндерс Лтд.“, тамошниот оператор за овој синџир ресторани. Тој опфаќа 110 земји во светот. Компанијата инсистираше на тоа дека лебот за сендвичите се вбројува во основни хранливи намирници – и дека не треба да се наплатува ДДВ за него. Според Законот за данок на додадена вредност во Ирска од 1972 година, износот на шеќер во лебот не треба да надминува два отсто.

Во случајов, тоа е петпати повеќе. Уделот на шеќер во овие лепчиња е 10 насто од масата на брашното.

Така, враќањето на „Букфајндерс“ од 9,2 насто ДДВ за периодот од јануари 2004. до декември 2005 година останува неподмирено.

Од „Сабвеј“ остануваат на ставот дека – лебот нивни е, сепак – леб!

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов