Спорното млеко на „Дукат“ не стигналo до потрошувачите во Македонија

Од:

Производителот на млекото „Дукат“ од Хрватска превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин со што тие не претставуваат опасност за потрошувачите, се вели во соопштението на претставништвото на „Дукат“ во Македонија, кое штотуку беше испратено до медиумите.

Едниот од двата производи, кај кои прелиминарните контроли на надлежните органи во Хрватска покажале „минимални отстапувања од пропишаните дозволени количини“ на микотоксин, трајното млеко „Дукат“ со масленост од 2,8 отсто во тетрапак пакување од 0,5 л., воопшто не се увезува во Македонија.

Што се однесува до вториот производ – трајното млеко „Дукат – лагано јутро“ со трајност до 25.04.2013, целокупната количина од оваа серија наменета за македонскиот пазар се наоѓа во магацините на увозникот, при што е стопирана неговата дистрибуција до продажните места.

Со ова, овие производи не претставуваат никаква опaсност за потрошувачите во Македонија, се вели на крјаот од соопштението.

Во друго дополнително соопштение, во кое поопширно се говори за случајот, се вели дека извор на митоксиност е несоодветната сточна храна користена на сточните фарми.

Се додава и дека „Дукат“ го запира откупот на млеко од сите фарми кај кои е утврдена зголемена концентрација на митоксин.

Производите кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин претставуваат изолиран случај. Спорните производи се повлечени од пазарот и како такви не претставуваат опасност за потрошувачите.

Компанијата, исто така, објаснува и дека контролата на нивото на микотоксин во свежото сирово млеко, кое се испорачува од млечните фарми, е во надлежност на Ветеринарната инспекција при Министерството за земјоделство на Република Хрватска, а пропишана е со план на службени контроли.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов