Со која боја зборувате?

Од:

Елементариум – Белград

Идејата на Њутн меѓу седум основни бои да ја вброи индиго бојата, денес делува необично. Меѓутоа физичарот Гери Валдман тврди дека Њутн боите не ги нарекувал со идентични имиња како што ние денес правиме, а индиго бојата внела многу дилеми па така некогаш се наоѓа на списокот на боите на виножитото а некогаш не. Дали тоа што Њутн боите ги нарекувал поинаку од тие кои зборуваат англиски во 21 век, значи дека поинаку ги гледал?

Воочувањето дека во Илијада и Одисеја нема сина боја, некои читатели ги довело до заклучок дека во античките времиња луѓето поинаку ја гледале, додека други тврдат дека само класификацијата на боите била поинаква. Дали јазикот ги обликува воочувањата или е обратно е дилема на која не се гледа крајот, а мистеријата за тоа посебно доаѓа до израз кога се работи за боите. Тие што зборуваат различни јазици често немаат исто сфаќање за боите како ни нивна поделба, а се поголем број истражувања на овој феномен покажува дека односот меѓу колницијата и јазикот е многу комплициран, па наместо одговор, експериментите доведуваат до нови прашања.

На универзитетот Чуо во Токио во 2015 година спроведен е експеримент за кој психологот Јал Јанг тврди дека покажува дека категориите на боите постојат и пред да го знаеме зборот. Неговиот тим скенирал мозоци на бебиња и возрасни луѓе додека гледаат слики со различни бои и биле бележени реакциите на промените. Кога на пример сината боја преминувала во зелена и кај возрасните и кај бебињата, се забележани активности во одреден дел на мозокот задолжен за обработка на визуелни податоци, додека овие реакции не биле кога бојата преминувала само од една во друга нијанса.

Во друг експеримент кој го спровел тим на професорот Јанг на бебиња биле прикажувани слики со насмеани лица во различни бои или различни нијанси. Основната претпоставка била дека реакцијата кај бебињата на новиот стимулс е видлива и дека тоа што е ново го гледаат подолго. Така реагирале на нова боја, но не и на нијанса. Од ова истражување може да се изведе заклучокот дека категоризацијата на боите е вродена па со самото тоа и универзална и независна од јазикот. Меѓутоа, како да се објаснат разликите кои постојат во сфаќањето на боите во различните јазици?

Јазикот на боите

Истражувачите главно се согласуваат дека јазикот ја модифицира категоризацијата на боите и дека средината влијае на тоа како ќе го гледаме светот околу себе, како и тоа кога ќе кажеме дека е промена на бојата, а кога само на нијансата, но сепак експериментите како овој покажуваат дека можеби постојат когнитивни процеси поврзани за бои постари од јазикот. Во 60-тите години од минатиот век антрополозите Брент Берлин и Пол Кај пошле во потрага за универзален закон според кој се класифицираат боите и кој би важел во сите култури.

По анализите на 98 јазици, Берлин и Кај забележале дека ако во јазикот постојат само два збора за боите, тоа ќе биде црна и бела, т.е. темна и светла. Третата боја ќе биде црвена, а следната во низата на зелената или жолтата, додека јазиците со пет бои имаат и зелена и жолта. Дури воведувањето на шестата боја со себе донесува поделба на зелена и сина, а токму овие две бои доведуваат до најголеми разлики меѓу јазиците. По овие бои, според нивната теорија, ќе се појават кафена, лилакова, розева, портокалова и сива за кои во многу јазици не постојат зборови. Истражувањето на Берлин и Кај претрпело повеќе критики, кои често се темелеле на недоволно разновидните јазици кои ги анализирале. Во секој случај, јазичната релативност е доведена во прашање.

Најпознатата теорија на јазичката релативност е Сапир-Ворфовата хипотеза, според чија силна верзија, структурата на јазикот го одредува тоа како го гледаме светот, но главно се повикува на послаба верзија, според која јазикот само влијае на гледањето, но не го одредува. По 20 години од поставувањето на Сапир-Ворфовата хипотеза, поточно во 50-тите години од 20 век, психологот Роџер Браун и лингвистот и невролог Ерик Ленеберг сакале да ја разрешат дилемата на јазичната релативност, но и Сапир-Ворфовата хипотеза да ја прилагодат во рамки на еден јазик. Испитувале луѓе кои зборуваат англиски и зуни јазик и дошле до заклучок дека е полесно да се запамти боја за која во мајчиниот јазик постои име.

Во почетокот на 21 век повеќе психолози спроведувале истражувања со луѓе што го зборуваат химбо јазикот. Нивната категоризација на боите поради начинот на животот целосно се разликува од таа која постои во европските јазици. Имаат само четири категории, а во секоја од нив се наоѓаат по неколку различни бои, според сфаќањата на Европјаните.

Тие што го зборувале англискиот, полесно од тие што го зборувале химба јазикот ја разликувале сината од зелените бои, но затоа испитаниците од Намибија многу лесно ги разликувале различните нијанси на зелената, кои во нивниот јазик спаѓаат во различни бои. Слични резултати биле добиени и во експерименти во кои учествувале говорници на англискиот и рускиот јазик.

Бојата која во голем број на јазици ја нарекувале сина е еквивалентна на две основни бои во рускиот јазик (синний и голубой) кои во англискиот, како и во срспкиот јазик, биле наречени посветла и потемна нијанса на иста боја. Меѓутоа, во рускиот јазик тоа се целосно две различни бои, како во некој друг јазик жолтата и црвената. По две основни бои според кои би ја нарекувале сината постојат и во италијанскиот (blue и azzurro) и грчкиот јазик (μπλε и γαλάζιο). Додека превод за потемната боја лесно се наоѓа во многу јазици и одговара на сината боја, посветлата е потешко да се преведе но и да се воспостави еквивалентност на боите од овие три јазици.

Од друга страна, во јапонскиот јазик долго постоел еден збор кој ја означува сината и зелената боја (Ао). Во почетокот на 20 век кога во Јапонија стигнал првиот училишен прибор увезен од Западот, а во него и боици каде сината и зелената секогаш се одвоени, во јапонскиот јазик се појавува зборот Mindori кој ја означува зелената боја, но таа и понатаму се сфаќа почесто како нијанса, отколку како посебна основна боја. Колку зборот Ао како заедничко име за сината и зелената останал прифатен, покажува и фактот дека за зеленото светло на семафорот се користи токму тој збор, а странците понекогаш се збунети од тие на кои понекогаш се појавува сина нијанса.

Сината боја е чест актер на културолошките разлики, а пред околу 150 години Британецот Вилијам Гледстон, кој инаку бил политичар и четири пати премиер, во својата книга „Студија за Хомер и неговото време” дошол до интересно запазување.

Проучувајќи ја Одисеја забележал дека употребата на боите е крајно необична, па така на пример медот е зелен а грозјето лилаково. Најчесто се спомнуваат црната и белата боја (стотици пати), црвената, жолтата и зелената се спомнуваат десетина пати, додека сината боја воопшто ја нема.

Филологот Лазарус Гјегер неколку години подоцна поттикнат од ова запазување, почнал да ја бара сината боја во други антички списи, но не ја наоѓал. Исландските саги, кинеските народни приказни, хебрејската верзија на Библијата, па дури и индиските химни во кои има многу описи на небото – се е напишано без наведување на сината боја. Единствено Египќаните имале збор за оваа боја која само тие и ја произведувале па многумина толкувачи ова ги довело до заклучокот дека сината боја во природата ја има многу помалку од што мислиме, па дека дури ни небото не е толку сино.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ