Сирење се произведува најмалку 7.500 години

Од:

Група научници од Бристол Универзитетот во Велика Британија направи детални хемиски и други анализи на 7.500 старо глинено сито, пронајдено во Полска и утврди дека ситото е користено за производство на сирење.

Ова откритие  практично докажува дека сирењето е производ стар најмалку 7.500 години.

Научниците од Бристол Универзитетот тврдат дека ситото направено од 34 видови глина, користено е за одвојување на сирењето од скиселеното млеко, што е пример за примитивно производство на сирење.

Научниците истражувањето го објавија на интернет страницата на списанието Начр (Nature), и научниците тврдат дека се работа за „убедливи докази за врската меѓу древните сита и произвоството на сирење“.

Резултатите од истражувањето ги „потврди“ и професорот од Вермонт Универзитетот, Пол Киндстед, познат по научното дело „Сирењето и културата“, велејќи дека доказите  се несоборливи и дека сигурно примероците откриени на ситото се остатоци на усирено масно млеко.

Професорот Киндстед додаде дека многу научници тврдат дека сирењето се правело на територијата на денешна Турција уште пред 9.500 години, но дека ова е прв солиден доказ за староста на праксата на производство на сирење.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов