Шест ресторани во Словенија добија Мишелинова ѕвезда

Од:

По долгогодишни обиди конечно Словенија доби ресторани што имаат Мишелинова ѕвезда, односно највисоко признание за квалитет, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На специјална церемонија во живо пренесувана од локални медиуми, пет ресторани добија по една, а угостителскиот објект„Хиша Франко“ доби дури две вакви ѕвезди. Коментарите на познавачите се дека во регионот на ниту еден ресторан не му успеало до добие две ѕвезди оддеднаш.

-Ова е посебен ден за Словенија и словенечката гастрономија, изјави министерот за економија Здравко Почивалшек непосредно по објавувањето на информацијата.

Оценувачите на Мишелен минатата година анонимно посетија голем број ресторани во Словенија. Како што изјави меѓународниот директор на оценувачите Гвендал Пуленец, тие биле воодушевени од земјата и како што кажа „кулинарските бисери“ кои ги поседува.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов