Шеќерот е виновен за брчките

Од:

Не е тајна дека слатките лошо влијаат на изгледот на телото, но дерматолозите предупредуваат на уште една „опасност“. Шеќерот го забрзува стареењето на кожата, бидејќи со процесот на глокозилација (поврзување на шеќерот за протеините и липидите) се создаваат предвремени брчки, а може да се оштети и структурата на обвивката на телото.

Доколку сакате да се забави процесот на стареење, од исхраната треба да се исклучи шеќерот во секоја смисла на зборот, се наведува во извештајот на Фредерик Брант, еден од најпознатите лекари демартолози во САД.

Според него, шеќерот го забрзува пропаѓањето на еластинот и колагенот, протеини кои се клучни за здравјето на кожата.

– За враќање на часовникот назад 10 години, доволно е само да се јаде помалку шеќер, истакнува Брант, објаснувајќи дека веќе по 10 дена од престанувањето на конзумирањето шеќер, лицето природно се „затегнува“, а по една година целосно се менува и изгледот на целото тело.

Тоа е затоа што при конзумирањето шеќер се создаваат молекули кои влијаат штетно на кожата. За да се неутрализираат треба да се пие зелен чај богат со антиоксиданси.

Процесот на подмладување треба да започне со анализирање на начинот на исхрана и откажување од секоја слатка состојка.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов