Селин Дион ги шокираше фановите со нејзиниот изглед и нејзиното ново 16 години помладо момче

Од:

Пејачката Селин Дион (50) не престанува да привлекува внимание откако мината недела на Париската модна недела се појави со 16 години помладиот танчер и илустратор Пепе Муњоз (34).

Канаѓанката ги изненади сите со нејзиниот изглед. Таа е значително ослабена, но и со невообичаени модни комбинации за нејзиниот стил. Низ Париз се прошета во футуристички комбинезон, со очила и шешир.

Длабокото деколте ја нагласи нејзината тенка линија, а голем број од нејзините фанови се загрижија за нејзиниот изглед.

Иако и Селин и Пепе на почетокот ги негираа шпекулациите за нивната љубовна врска, сепак на последното нивно појавување во јавност покажаа дека се повеќе од пријатели, бидејќи постојано се држеа за рака.

Многумина коментираат дека пејачката сега ја проживува „втората младост“.

Селин во 2016 година се соочи со губењето на својот 26 години постар сопруг Рене Ангелил, со кој беше заедно 22 години. Рене почина во својот дом во Лас Вегас по долга битка со рак.

Селин и Рене се запознаа кога таа имаше 12 години, а тој беше успешен 38-годишен музички менаџер. Врската им започна 10 години подоцна, а се венчаа во 1994 година. Со Рене, Селин има три синови, Рене-Чарлс (18) и близнаците Нелсон и Еди (8).

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска