(ВИДЕО) Селин Дион минува низ пекол: „Поради болеста ми се скршија ребрата“

Од:

Селин Дион боледува од невролошкото пореметување „синдром на вкочанета личност“, а сега откри дека страдала од грчеви во мускулите толку силни што и биле скршени ребрата.

Говорејќи во своето прво телевизиско интервју по нејзината дијагноза, со новинарот на NBC News Ходи Котб, Дион рече: „Во еден момент имав скршени ребра бидејќи понекогаш е навистина тешко…“ Котб ја праша: „Грчевите можат да бидат толку лоши што може да скрши ребро?“ на што Дион кимна со главата во знак на согласност.

Дион исто така рече дека кога ќе доживее мускулен спазам во грлото, се чувствува „како некој да ја дави, како некој да и го турка гркланот“. „Но, тоа може да биде и во стомакот, во ‘рбетот, во ребрата“, додаде таа, опишувајќи ги грчевите во нејзините раце: „Тие се грчат и не можете да ги поместите“. Во 2022 година, на Дион и беше дијагностициран редок и неизлечив синдром и мораше да престане да настапува во живо. Таа претходно рече дека тоа „предизвикува потешкотии кога оди и не во можност да ги користи гласните жици и да пее како што е навикната“. Во интервју за француски Вог во април, таа рече дека оди на физичка и вокална терапија пет пати неделно. Таа призна дека е очајна, но потврди и дека повторно се обидува да поработи на својата пејачка кариера.

„Болеста не ја победив бидејќи се уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научни истражувања, но токму сега морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега, со синдром на вкочанета личност“, рече Дион. „Пет дена во неделата одам на атлетска, физикална и вокална терапија. Работам на прстите на рацете, колената, листовите, прстите на нозете, на гласот… Морам да научам да живеам со тоа и да престанам да се преиспитувам себеси. Отпрвин се прашував: „Зошто јас? Што направив?

„Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што гледам, имам два избора. Или да тренирам како спортист и да работам напорно или да се исклучам и останам дома, да ги слушам моите песни, да застанам пред огледалото и да си пеам себеси. Одбрав да работам со целото тело и душа, од глава до петици, со медицинскиот тим. Сакам повторно да бидам најдобра што е можно повеќе. Целта ми е повторно да ја видам Ајфеловата кула, рече Дион.

Би можело да ве интересира

Селин Дион ги шокираше фановите со нејзиниот изглед и нејзиното ново 16 години помладо момче

Наум Локоски

Алиша Кис и Селин Дион ќе пеат за Арета Френклин

Наум Локоски