Алиша Кис и Селин Дион ќе пеат за Арета Френклин

Од:

Во чест на неодамна починатата кралица на соул-музиката, Арета Френклин, следниот месец ќе биде организиран концерт на кој со свои изведби ќе и оддадат почит музичките ѕвезди како Алиша Кис, Пати ла Бел, Кели Кларксон и Селин Дион.

Компанијата „Рикординг Академи” и магнатот Клајв Дејвис се организиратори на концертот што ќе се одржи на 13 јануари наредната година во Лос Анџелес, Калифорнија. Домаќин и водител на концертот ќе биде глумецот Тајлер Пери.

Снимка на концертот ќе се емитува подоцна во 2019. на телевизиската мрежа Си-би-ес.

Арета Френклин почина од рак на панкреасот во август, на 76 годишна возраст, во нејзиниот дом во Детроит.

Би можело да ве интересира

Арета Френклин постхумно доби Пулицерова награда

Ана Ололовска

Селин Дион ги шокираше фановите со нејзиниот изглед и нејзиното ново 16 години помладо момче

Наум Локоски

Арета Френклин должи над 6 милиони долари за данок, а била ограбена пред смртта

Наум Локоски

Бил Клинтон ќе биде меѓу говорниците на погребот Арета Френклин

Наум Локоски

Арета Франклин хоспитализирана во тешка здравствена состојба

Наум Локоски