Британцеот Метју Хог (34) страда од синдромот „авто-пиварница“. Секогаш е пијан и се буди со силен мамурлак. Таквата состојба му се случува затоа што квасецот премногу му набабрува во тенкото црево и произведува етанол од шеќер и скроб.
Едноставно се што ќе изеде се претвора во алкохол. Се родил со таква состојба, но тоа наводно го откриле после 20 години. Тоа би требало да значи дека воопшто не помни ништо од првите 20 години од својот живот, затоа што кога му е откриен синдромот, лекарите со помош на посебни диети успеале да помогнат за да не биде секогаш пијан.
За време на средното училиште знаел да биде чуден, понекогаш и агресивен. Се запишал на факултет, но набрзо се испишал затоа што се преморувал премногу.
Лекарите го испраќале да посетува психијатри, но родителите верувале дека проблемот не е во главата и ја потрошиле заштедата од 50 илјади фунти за да откријат што е на нивниот син. Кога заминале во Мексико кај специјалист наодите покажале абнормален раст на бактерии во тенкото црево и висока концентрација на етанол во крвта.
– Секогаш кога ќе јадам леб, компири или ориз произведувам 100 отстотен алкохол кој патува низ мојот крвоток. Кога ќе изедам порција ориз како навечер да сум испил три шишиња вино, рече Метју, додавајќи дека не му паѓа на ум да пие алкохол. Моето тело не би можело да поднесе повеќе алкохол, а и зошто да плаќам некому кога имам свое пиво во стомакот.
Досега поминал низ неколку хронични труења од алкохол и болести на црниот дроб. Поради исцрпеност често завршува во кревет. Лек, засега, за неговата состојба нема, а не му помагаат никакви апчиња.