Британска двојка ќе го запамети своето патувањето во Јужна Африка по ужасот што го преживеале откако ги нападна слон.
Слонот налутен се доближил до возилото и почнал да го турка, го исфрлил од патот по што успеал и да го преврти.
Од Националниот парк во Јужна Африка се уште незнаат зошто слонот така се однесувал и бидејќи потоа забележале крв на возилото испратена е потера по слонот кој можеби е исто така повреден во инцидентот.
„Кога ќе ви се доближи животно, не паничете и обидете се да избегате најбрзо што можете. Слоновите може да бидат многу опасни ако се почувствуваат загрозени“, велат од Националниот парк.