Американскиот актер Роберт де Ниро во новото интервју зборуваше за својата најмлада ќерка, опишувајќи го искуството да се биде 80-годишен татко како „одлично“. Двократниот оскаровец минатиот мај изјави дека го дочекал седмото дете на 79-годишна возраст.
“Се чувствувам одлично. Сè што ме мачи или загрижува едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам. Така што тоа само по себе е чудесно“, изјави Де Ниро во интервју за американското списание AARP наменето за возрасната група над 50 години.
Де Ниро, кој оваа недела доби уште една номинација за Оскар за споредна улога во филмот „Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе, и неговата партнерка Тифани Чан, ја нарекоа својата ќерка Гиа, објавија медиумите.
– Навистина е интересно. Значи, знаете, јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично и сакам да бидам наоколу колку што можам за да уживам во тоа“, изјави Де Ниро.
Де Ниро и Чан ја добија Гиа на 6 април минатата година, ја откри веста за раѓањето на своето девојче речиси повеќе од еден месец подоцна за време на интервјуто за ЕТ Канада.