Роберт де Ниро стана татко по седми пат

Од:

Американскиот актер Роберт де Ниро стана татко по седми пат, пренесува британскиот весник Independent.

Во интервју за ET Canada објавено денеска, 79-годишниот актер искрено зборуваше за родителството додека го најавуваше својот нов филм, а кога репортерот, поставувајќи прашање, забележа дека знае дека Де Ниро има шест деца, актерот ја поправи: „Седум, всушност“.

– Само што родив бебе – изјави Де Ниро за време на интервјуто.

Медиумскиот претставник на Де Ниро подоцна го потврди написот на канадските медиуми дека актерот станал татко по седми пат, но не се знае која е мајката на новороденчето.

Де Ниро и неговата прва сопруга, американската актерка Дајан Абот, со која беше во брак до 1988 година, ги имаат ќерката Дрина (51) и синот Рафаел (46). Тој во 1995 година ги доби близнаците, 27-годишните Џулијана и Арон, со неговата тогашна девојка, моделот Туки Смит. Де Ниро има и син Елиот (25) и ќерка Хелен Грејс (11) со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.

Би можело да ве интересира

Роберт де Ниро: Јас сум 80-годишен татко и тоа е одлично

(ВИДЕО) Роберт де Ниро: Налудничаво е да се верува дека Трамп може да работи добро

(ВИДЕО) Де Ниро до Федерер: Не доаѓам во Швајцарија, не ми се допаѓа земјата, нема драма

Катерина Ѓуровски

Роберт де Ниро упати жестоки зборови кон Трамп

Наум Локоски

Роберт де Ниро доаѓа во Сараево