Путин призна дека ја излажал Меланија за големината на неговата риба

Од:

За време на едно од интервјуата за документарниот филм „Светскиот предок 2018“ претседателот на Русија, Владимир Путин призна дека ја излажал првата дама на САД, Меланија Трамп за големината на рибата која што ја фатил.

За време на самитот Г20 кој што се одржа во Хамбург во јули минатата година, Путин на вечерата со Меланија Трамп разговарал за многу прашања и теми – од сибирските тајги, до мечките од Камчатка и се разбира риболов.

– Како што се очекува во такви случаи, малку претерав кога стана збор за големината на рибата која што ја уловив, изјави Путин и додаде дека не може да се разговара за риболов без малку „шминка“.

На прашањето дали се обидел да ја регрутира Меланија, Путин низ смеа одговори:

– Не, тоа не сум го правел долго време. Иако би сакал тоа да го правам. Како што е познато, тоа ми беше работа долги години, изјави Путин.

Би можело да ве интересира

Путин: Раиси беше вистински пријател на Русија

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски