Прилеп под маски-карневал „Прочка 2015“

Од:

На 14. меѓународен карневал „Прочка 2015“ во Прилеп денеска се очекува да земат учество над 1.000 учесници во групни и поединечни маски од земјава и од странство.

Советникот за култура во локалната самоуправа Снежана Ристеска, која со Здружението „Мечкари“ е организатор на карневалот информира дека се најавени гости од Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, прв пат од Сардинија и од Турција, како и од повеќе градови од Македонија, Бегниште, Кавадарци, Куманово, Куратица, Ратево, Мокриево, Струмица. Според неа, и Гете Институтот ќе се претстави со групна маска од 140 учесници-ученици кои го изучуваат германскиот јазик од повеќе градови.

– Очекуваме да бидат изложени над 500 оригинални и инвентивни маски изработени од најразлични материјали, волна, коноп, црпки, тикви, пченка, ориз, направени со комбинирани техники. Со оваа изложба учениците од прилепските средни и основни училишта ја покажуваат својата умешност, создавајќи творби во духот на традицијата, вели Ристеска.

Дефилето на маските, кое ќе се одржи на булеварот „Гоце Делчев“, започнува со прилепските мечкари.

– Дефилето започнува со прилепски мечкари, тривековна традиционална маска иницирана од касапите кои ги негуваат старите обичаи. Пред илјадици граѓани и гостите од ФЕЦЦ мечкарите ќе го изведат ритуалот со кој се бркаат злите духови во очекување на плодна и бериќетна година. По нив следуваат мажоретките кои ќе го предводат шаренилото од маски и креации, а за најдобрите од нив жирито ќе им додели награди. Наградите се доделуваат во неколку категории и тоа: традиционална, современа групна маска, како и за самостојна маска, изјави Ристеска.

Прилепскиот карневал е културна манифестација, заснована врз една стара традиција на касапскиот еснафи и претставува врвна туристичка атракција.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он