Неславниот рекорд го собори еден пијан Полјак од местото Алфредовка на југоистокот на Полска, кога полициска патрола го пронашла онесвестен со дури 13,7 промили алкохол во крвта.
Пијаниот, онесвестен маж лежел со главата на тротоарот, а кога патролата не успеала да го освести, превезен е итно во болница во Жешова.
И лекарите ги изненадил дека е жив, откако откриле 13,7 промили алкохол во крвта.
– Вистинско чудо е дека преживеал, изјавија лекарите од болницата во Жешова.
Толку тешко, често фатално пијанство може да предизвика литар вотка испиена во многу кус рок или повеќедневно опивање.