Претставен екипажот што ќе замине на Месечината за прв пат по повеќе од 50 години

Од:

Артемида 2 ќе биде првиот лет со екипаж, но не и првото слетување на Месечината, во рамки на програмата за наследник на Аполо, чија цел е да ги врати астронаутите на површината на Месечината оваа деценија.

Американската вселенска агенција НАСА за прв пат избра жена и Афроамериканец за астронаути за лунарната мисија како дел од четиричлениот тим кој ќе учествува идната година во првиот лет со екипаж околу Месечината по повеќе од 50 години.

Кристина Кох, инженерка која веќе го држи рекордот за најдолг континуиран лет на жена во вселената, е избрана да учествува во мисијата Артемида 2, каде пилот ќе биде Виктор Гловер, припадник на американската морнарица.

Гловер, кој учествуваше на вториот лет на капсулата Crew Dragon на SpaceX, ќе стане првиот афроамерикански астронаут некогаш испратен на патот за Месечината.

Останатите двајца членови на екипажот се Џереми Хансен, првиот Канаѓанец некогаш избран да лета на Месечината, и Рид Вајсман, ветеран на Меѓународната вселенска станица, кој е именуван за командант на мисијата Артемида 2.

Екипажот беше претставен на прес-конференција во Хјустон во вселенскиот центар Џонсон, базата за управување со мисијата на НАСА.

Артемида 2 ќе биде првиот лет со екипаж, но не и првото слетување на Месечината, од програмата за наследник на Аполо, која има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината подоцна оваа деценија и на крајот да воспостави одржлива станица таму, која ќе биде отскочна даска за идните луѓе кои ќе бидат испраќани да го истражуваат Марс.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски