Премногу гледање телевизија го попречува развојот кај децата

Од:

Телавизиската програма во позадина ги попречува децата во играта и може да влијае врз развојот на вниманието, се наведува во најновата студија на американските истражувачи.


Кога децата на возраст од три до пет години си играат во просторија каде е вклучен телевизорот со некоја програма за возрасни, просечно си играат пет проценти помалку во споредба кога телевизорот е исклучен.


– Нашите докази покажуваат дека телевизијата ги спречува децата да го задржат вниманието кога почнуваат да ги организираат своите вештини на внимание и однесување, изјави авторот на студијата Данијел Андерњсон, професор по психологија на Универзитетот Масачусетс.


Американската академија за педијатрија препорачува децата од две години и помладите воопшто да не се изложуваат на телевизискиот екран. За постарите деца се препорачува ограничено време пред екраните, вклучително телевизијата, видео игрите и компјутерите на еден до два часа дневно.


Педијатарот Данијел Бронфин ја поистоветува телевизијата во позадина со пасивното пушење.


Затоа Андерсон и Бронфин им препорачуваат на родителите да ги исклучат телевизорите додека детето е во собата.

Би можело да ве интересира

Почина Барбара Волтерс

Ипсос: За време на епидемијата српските граѓани повеќе се пред ТВ, а македонските на интернет

А1он

Тотал ТВ бесплатно ги отвори дополнителните канали за своите претплатници

Ландов

СЗО: На децата треба да им се ограничи времето поминато пред ТВ екран

„Нетфликс“ на гледачите ќе им нуди сами да го изберат крајот на ТВ серија

Наум Локоски

„Планета земја 2“ погледана од „Х-Фактор“

Емир Латифовиќ