Телавизиската програма во позадина ги попречува децата во играта и може да влијае врз развојот на вниманието, се наведува во најновата студија на американските истражувачи.
Кога децата на возраст од три до пет години си играат во просторија каде е вклучен телевизорот со некоја програма за возрасни, просечно си играат пет проценти помалку во споредба кога телевизорот е исклучен.
– Нашите докази покажуваат дека телевизијата ги спречува децата да го задржат вниманието кога почнуваат да ги организираат своите вештини на внимание и однесување, изјави авторот на студијата Данијел Андерњсон, професор по психологија на Универзитетот Масачусетс.
Американската академија за педијатрија препорачува децата од две години и помладите воопшто да не се изложуваат на телевизискиот екран. За постарите деца се препорачува ограничено време пред екраните, вклучително телевизијата, видео игрите и компјутерите на еден до два часа дневно.
Педијатарот Данијел Бронфин ја поистоветува телевизијата во позадина со пасивното пушење.
Затоа Андерсон и Бронфин им препорачуваат на родителите да ги исклучат телевизорите додека детето е во собата.