Почина раперот Артис Леон Ајви Јуниор, попознат по неговото уметничко име Кулио, објави TMZ. Имаше 59 години. Тој починал во куќата на својот пријател во Лос Анџелес, а причината за смртта засега не е откриена.
Кулио стекна светска слава по објавувањето на хитот Gangsta’s Paradise во 1995 година, за кој беше награден со Греми за најдобра рап соло изведба. Таа песна достигна една милијарда прегледи на YouTube претходно оваа година.
Песната беше снимена и објавена во август 1995 година, а беше објавена на YouTube во 2017 година. Така, иконската песна влезе во клубот „милијарда прегледи“ 27 години по првото објавување и пет години откако беше поставена на YouTube.