Плескавиците од коњско месо не се опасни за здравјето

Од:

Британскиот министер за земјоделство и животна средина  Овен Патерсон изјави денеска дека плескавиците од коњско месо не се опасни за здравјето на луѓето, како и дека во аферата што продолжува да се шири низ ЕУ, потрошувачите треба да очекуваат нови сознанија и изненадувања.

Во разговор за Би-Би-Си, Патерсон вели дека аферата не е здравствен случај, туку криминален и дека најверојатно е дел од еден поширок заговор.

Правна потапка за овој случај ќе започне денеска во ЕУ, а британската Влада прогласи мораториум за внесувањето месо од Европа, кое не е дел од стандардите и прописите на Унијата.

Целиот случај тргна од Ирска, каде минатиот месец тамошните инспектори за храна открија дека во плескавици што се продаваат во Даблин има коњско месо. Истрагата што тие ја започнаа откри дека бургерите потекнуваат од една ирска кланица, која беше затворена и набрзо потоа и ликвидирана, но се покажа и дека месото доаѓало и од еден преработувач на мелено месо во Англија.

Британските власти започнаа своја истрага, а таа покажа дека месо за плескавици што се продава како говедско, содржи и коњско месо, како и дека овие случаи не се изолирани. Според инспекторите, станува збор за раширена практика плескавиците да се „дополнуваат“ со месо од коњи, кое не е штетно затоа што се јаде во низа земји во Европа и во светот, но дека тоа претставува измама на потрошувачите за да се заработат повеќе пари.

Ваквата пракса не е типична за Ирска и Велика Британија, зашто проверките покажаа дека мамење на луѓето имало и во неколку други земји од ЕУ. Франција нареди запирање на продажбата на дел од готовата храна од мелено месо и ја обвини Романија за лажни говедски плескавици. Една компанија за месо од Луксембург, испрати предупредувања за дури 16 земји.

Проверките низ ЕУ продолжуваат, а британскиот министер Патерсон засега ги посочува како „виновници“ само испораките со вакво мелено месо за плескавици од Романија, Полска и Ирска, каде аферата за прв пат се појави. Експерти за храна проценуваат дека ваквата „мешавина“ била практикувана насекаде каде се приготвува мелено месо за правење говедски плескавици, што ги користат рестораните за брза исхрана.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов