Питон подолг од пет метри уловен на Флорида

Од:

Група истражувачи од Флорида уловија женка питон долга 5,2 метри и тешка 140 килограми, која според зоолозите, е доволно цврст и силна за да голтне и елен.

Змијата подолга од еден кат на куќа, истражувачите ја уловиле користејќи мажјаци со радиопредаватели на нив, за време на сезоната на парање. Според нив, тоа е еден од најголемите питони што го виделе во живо во нивната кариера

– Екипата не само што ги собира грабливите змии, туку прибира податоци и за научни истражувања, изработува нови алати за нивно отстранување и открива како питоните се размножуваат, изјави еден член на тимот.

Змијата имала 73 јајца. Овие влекачите не се соочуваат со грабливци посилни од нив во природната средина во Флорида и затоа нивното размножување оди доста брзо, па тие самите стануваат „голема закана за тамошната дива природа”, оценуваат истражувачите.

Бројот на питони во САД денес повторно се приближува до рекордните 300.000, иако американските власти го забранија нивниот увоз во 2012 година.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Кралски питон долг 1,5 метар е пронајден во близина на паркинг во Виена

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

(ВИДЕО) 22 големи змии се пронајдени во женски багаж на аеродром во Индија