Кралски питон долг 1,5 метар е пронајден во близина на паркинг во Виена

Од:

Кралски питон долг метар и пол е откриен во шумска област во близина на паркинг во Виена, соопшти денеска полицијата на австриската престолнина.

Змијата ја забележал полицаец кој веднаш ја подигнал од земја и ја предал на службата за спасување животни, соопшти полицијата.

Се претпоставува дека рептилот бил напуштен бидејќи бил во прилично лоша состојба кога бил пронајден. Не се обидел да побегне или да го нападне полицаецот што го видел. Кралските питони потекнуваат од Западна и Централна Африка. Тие не се отровни и се сметаат за релативно мирни животни.

Би можело да ве интересира

Во Виена: Убиена млада мајка по потекло од поранешна Југославија

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он

Пукање во Виена: Ранети четири лица

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад

Србин е уапсен во Виена: Се закануваше дека ќе убие „во живо“, а потоа побара пиштол

Зголемена безбедност во Виена по дојавата за можен исламистички напад