Пијанство од 17.000 фунти

Од:

Патник од Велика Британија бил толку пијан, што пилотот морал да го врати авионот на местото од каде што полетал. Неодговорниот патник сега ќе мора да плати речиси 17.000 фунти за трошоците околу залудно потрошеното гориво.

Дејвид Стефан Јанг (44) се опил на лет на компанијата „Вест џет“ од Калгари, Канада, до Лондон, што за негова среќа, се случило кусо по полетувањето. Сепак, пилотот бил принуден да го промени правецот и да го врати леталото назад. Таму, несовесниот Британец бил пречекан од полицијата, по што заработил обвинение за предизвикување вознемиреност меѓу патниците.

Јанг се изјаснил виновен и се извини за предизвиканата штета и вознемиреност. Но сепак, ќе мора да плати скоро 29.000 канадски долари (19.000 евра), колку што чини потрошениот 9.071 литри керозин.

Покрај тоа, тој доби забрана за влез во Канада на неодредено време.

Би можело да ве интересира

Крокодилот на Фидел Кастро гризна човек

Ана Ололовска

САД ѝ вратија на Боливија мумија од времето на Инките

Ана Ололовска

ВИДЕО: Добил подарок БМВ, а сакал Јагуар – па го турнал во река

Дали човековата издржливост има граници?

Заборавена видеоигра од 1988 година му донела заработка од 90.000 долари

Мртов крокодил пронајден под училишен под во Велс

Татјана Ташкова