Петте плакари кои секоја жена ги посакува

Од:

Хрватскиот портал „zadovoljna“ направи список на пет плакари на кои никоја жена не би им одолеала. Ова се најпознатите пет филмски плакари, преполни со бесценети парчиња на облека, која секоја жена би ја направиле да се чувствува како во филмска бајка.

1. Првото место сосема очекувано го држи, плакарот на Кери Бредшоу во „Сексот и градот“. Можеби нуту еден ормар не заземал место на екранот, како овој во кое беше сместено малото модно богатство на познатата писателка. Винтаж топови, гламурозни фустани и врвни примероци на улична мода кои висат над кутиите преполни со обувки на Џими Чу и Маноло Бланик. Иако ормарот можеби не беше доволно голем, па на тоа и самата Кери понекогаш се жалеше, сепак заслужено ја однесе титулата најпосакуван филмски плакар.

2. Зак Позен фустани, Миу Миу обувки и украси за коса со потпис на Хенриј Бендел, беа во сопственост на кралицата на Upper East Side – Блер Волдоф, во познатата серија Gossip Grill. Бајката ја надополнуваше пудра бојата на плакарот која оддаваше чувство на луксуз. Секоја девојка го посакуваше ормарот, кој во секој момент можеше да даде стотици луксузни комбинации на облека.

3. Зависничката од “шопинг“ која не можеше да им одолее на попустите, својот “плен“ го чуваше во третиот најпосакуван плакар од филмското платно.

4. Деведесетите го лансираа еден од најпознатите филмови за тинејџерската генерација, „Clueless“, во кој главната хероина Шер во плакарот кој го разгледуваше на далечински управувач криеше безброј каро здолништа и стилски доколенки, кои секој момент очекуваме повторно да се вратат на модните писти.

5. Петото место му припаша на плакарот од филмот „И ѓаволот носи Прада“ кој беше стациониран во списанието од филмското сценарио наречено “Писта“. Овој плакар ги криеше најпосакуваните модни парчиња од сите светски дизајнери, кои тие доброволно ги предале за фотосесии, на магазинот. Обувки, чанти, фустани, пантолони, шешири, скапоцен накит, колани, часовници и сето она што ќе го диктира стилот од Менхетен до Копакабана се наоѓаше во овој „ѓаволски орман“.


Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „ЕЛЕМА 2023“

Ана Ололовска

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Промоција на монографија „АКТ – Театарот низ фотографии”

Ана Ололовска

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски