Пет градови кои нудат автентични специјалитети на улица

Од:

На патувањата во далечните и непознатите земји сакаме нашето доживување да биде што е можно поавтентично. Природни убавини, древни градби, но и локалната кујна, се составни елементи во истражувањето на новите дестинации.

Речиси сите големи туристички центри нудат автентични локални специјалитети на секој чекор и по поволни цени. Следуваат пет светски градови, во кои најдобрата храна е на улиците.

1. Бангкок

Ултимативен центар за туристите желни за интересни јадења е Бангкок во Тајланд. Улиците мирисаат на храна, а на штандовите можете да купите слатко свинско, рибни јадења, банани пржени во брашно од ориз и познатото смрдливо овошје дуриан.

2. Истанбул

Ќепабите можат да се купат во речиси секој европски град, но турската метропола нуди уште многу други јадења како бурек, симит, печен компир полнет со колбаси, ќебапи, краставици или маслинки, рибни сендвичи.

3. Маракеш

Мароканскиот град е дестинација за готвачите кои бараат врвни специјалитети. На главниот плоштад Џема ел Фна може да се пронајдат штандови со храна како различно месо подготвено со различни зачини, јагнешко, сарми, супи од грав, леѓа и грашок, голем избор на супено овошје и свеж исцеден сок од портокал.

4. Мексико Сити

Во мексиканскиот главен град, штандовите со храна се наоѓаат во секој кварт, како и на пазарот во центарот. Освен познатото тако, може да пробате и антојитосе, елотес, квесадилас, хуарахес и колачи од пченка тлакојос.

5. Рио де Женеиро

Бразилскиот град е најпознат по своите плажи и карнавелот, а во тоа време апсолутно сите се на улиците, пеат, танцуваат, подготвуваат храна, јадат, пијат и се веселат со туристите ширум светот. Не само во време на карневалот, туку и во текот на целата година во Рио де Женеиро можете да јадете храна која е мешавина на португалската, бразилската и јапонската кујна, а се послужува насекаде на улиците и на плажите Копакабана и Ипанема.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов