Научниците веруваат дека ја решиле мистеријата на „вилинските кругови“

Од:

„Вилинските кругови“ што се мистериозно се појавија на еден тревник во Намибија, со децении ги мачат научниците.

Во последните обиди за објаснување на мистеријата, група истражувачи заклучиле дека круговите се распоредени според зачудувачки прецизен распоред, што ја исклучува досега најпопуларната теорија дека нив ги созаделе термити.

– Појавата на такви форми во природата е невообичаена. Тука станува збор за јаки регулирачки сили, изјави Штефан Гецин од Истражувачкиот ценатар за животна средина (УФЗ) од Лајпциг.

Секој круг има кружница со густа вегетација. Некои од нив се со дијаметар и до 20 метри и се непроменети дури и до 75 години.

Во последните неколку години научниците понудија низа решенија за тоа како и зошто настанале. Минатата година беше откриено дека таму живеат поголем број песочни термини и тие беа посочени како најеројатно „творци“ на овие форми. Но, Гецин и неговите колеги сметаат дека термитите по правило живеат во неправилни роеви и дека никако не би биле во состојба да формираат вака правилни форми.

– Досега не е пронајден ниту еден доказ кој укажува на тоа дека овие инсекти се способни да создадат хомогена структурата со таква големина, смета Гецин.

Што се однесува до него и неговите колеги, најдобро објаснување за настанување на круговите е тоа дека тревата расте со саморегулирање поради ограничените рерзеви на вода.

Споредена е ситуацијата со растот на билките во шумите: во млада шума билки обично растат релативно близу едни до други, но со текот на годините вегетацијата се проредчува во саморегулирачки процес со цел старите дрва да имаат доволно простор и извор на храна.

Таквиот „натрпевар за ресурси“ би можел да биде причина за формирање на круговите во Намибија, смета тимот од Лајпциг.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска