Би-Би-Си – Лондон
Смртта доаѓа за секого. Неизбежност со која луѓето се помириле, иако стравот од крајот ги тера да бараат секакви начини да ја одложат или избегнат. Со своите 70 години просечен животен век, во моментов ни сме едни од најдолговечните животински видови на земјата. Но сепак уште има такви кои живеат стотици години, други илјади, а некои се дури и бесмртни. Темно-кремава со сиво-кафени петна. Тоа е школката Минг. Според научниците, кои ја извадија од морското дно крај брегот на Исланд, пред да ја убијат, таа имала 507 години, објави Би-Би-Си. Во август 2016, истражувачите открија дека женска ајкула, уловена крај Гренланд, која живеела во заробеништво пет години, умрела на 392 години. Тоа ја прави најстарото познато рбетно животно. Биолошкиот рекорд на цицачите му припаѓа на гренландски кит за кој се смета дека ја доживеал 211 година пред да биде уловен и убиен од китоловци. Има и животни, како стаклените габи, кои живеат на дноата на тропските мориња, и кои живеат веројатно до 15,000 години. Таква, на 11.000 години е извадена во Јужнокинеското Море, и научници ја испитувале за да сфатат каква била температурата на водата во најстарите времиња. А некои животни се бесмртни и на клеточно ниво. За такви се сметаат јастозите. Всушност, тие не остаруваат, просто стануваат се поголеми и поголеми. Но масовниот улов на јастози во последниот век всушност доста ја намалил и нивната големина, така и нивниот животен век. За биолозите, примери за животниот век ги отвораат фундаменталните прашања за тоа зошто организмите стареат и умираат.
А можеби е тоа така затоа што луѓето станаа толку доминантни во други односи, дека сме љубоморни на видовите кои живеат подолго од нас. Откривањето на Минг во 2013 година доведе до шпекулации дека тајната на долгиот живот е многу ниското конзумирање на кислород. Всушност, една од најдлабоковкоренетите идеи за должината на животниот век е таа поврзана со метаболизмот – или брзината на хемиските реакции кои ја разградуваат храната во енергија и произведуваат соединенија кои се неопходни за клетките. Концеппцијата дека колку е побрз метаболизмот толку порано настапува смртта, веројатно датира од Индустриската револуција. На почетокот на 20-иот век, германскиот физиолог Марк Рубиер ја споредил енергијата на метаболизмот и животниот циклус на морските прасиња, мачки, кучиња, крави, коњи и луѓе. Тој востановил дека поголемите животни имаат пониски метаболизмички брзини на грам и затоа шивеат подолго, што го натерало да заклучи дека искористувањето на повеќе енергија го скусува животот. Подоцна, американски научници ја доразвиваат таа теорија на расходување на енергијата. Иако е точно дека поголемите цицачи имаат побавен метаболизам и многу од нив живеат споредбено долго, токму таа теорија била целосно негорана. Врска меѓу метаболизмот и вивотниот век нема.
Друга слична теорија дека искористувањето на повеќе кислород води до поголемо производство на слободни радикали и оттука до побрзо стареење на клетките. Благодарените на новите научни истражувања на митохондрите, кои функцонираат како своевидни генератори на енергија во секоја клетка, се покажа дека таа веројатно не е точна. Сепак, научниците се едногласни дека има врска межу фактори како телесната тежина и надворешната средина, и должината на животниот век. Колку е помала телесната тежина и писилен е притисокот од надворешните фактори, толку е пократок животниот век. Според некои истражувања, за тоа влијание има и телесната температура, со чие зголемување се засилува и ослободувањето на слободните радикали кои се штетни за клетките. Изработката на брзи и ефтини технологии за истжување на ДНК во последниве години, им донесе на научниците навестувања за улогата на гените во регулирањето на долговечноста кај различни видови. На пример, мутацијата во генот наречен daf-2, им овозможува на нематодните црви да живеат двојно подолго. А глувците џуџиња со измутиран ген, кој го ограничува производството на хормонот за раст, живеат 40 проценти повеќе.
Биолозите го избираат зборот „бесмртни“ за да објаснат клетки кои немаат таканаречен предел на Хејфлик, те. можат неограничено да се делат. Човечките клетки можат да се делат околу 50 пати пред да умрат, најчесто како резултат на натрупаните мутации. Тоа го ограничува животниот век на луѓето на скоро 120 години. Истовремено, клетките на раковите на пример изгледа немаат такво огранучување. Во 1951 година е земен примерок од матката на Хенриета Ларкс. Истата клеточна линија продолжува да се кроисти и денес нашироко во билошките истражувања, и се создаваат целосно идентични клетки. Се претпоставува дека матичните и ембрилоналните клетки исто можат да се делат неброено многу пати. Но тоа не важи и за клетките на ткивата на луѓето. Истражувањата покажуваат дека јастозите не остаруваат. Дури и фертилноста кај постарите индивидуи се зголемува. Навистина, со напредувањето на возраста тие умираат затоа што смената на нивните оклопи бара се повеќе енергија со зголемувањето на новниот обем. Но на клеточно ниво, јастозите се бесмртни. Тој феномен може да се должи на телеомеразата – ензим кој ги онбовува долгите кравеи од ДНК кои се повторуваат на крајот на хромозомите, кои се нарекуваат теломери. Ензимот може да биде откриен кај повеќеклеточни животни во ембрионалните етапи на развој, но го нема кај позрелоте единки.