Во последните десет години зоолозите дискутираат во врска со тоа дали сунѓерите или медузите се најстари животни на светот. Со примена на нов метод, американските научници заклучиле дека тоа се медузите.
Еден тим на еволутивни биолози од Универзитетот Вандербилт и Висконсин-Медисон разви нов пристап со цел да ја реши со години долгата расправа.
Речиси цел век животинското стебло организирано е врз основа на научни докази за сложеноста на разни организми, а поради едноставноста на нивната структура најверојатно е дека сунѓерите се најстари битија во светот.
Сепак откривањето на ДНК го смени разбирањето на научниците и еволутивните биолози почнаа да применуваат нови сознанија со цел да ги утврдат врските во еволуцијата, од што се создаде областа филогенеза.
Во голем број случаи во разјаснување на тие односи помогна само изучувањето на ДНК, а во 2008 година едно од првите филогенетски истражувања покажа дека медузите се најстари битија на животинското царство.
Сегашните методи се базираат на собирање огромни количини генетски податоци, кои се анализираа и врз основа на заклучокот се воспоставуваат односите, изјави пофесорот Антонис Рокас од Вандербилт, кој учествуваше во развојот на новиот научен пристап.
Новите методи доведоа во поголем број случаи до недвосмислени заклучоци, а Рокас и неговиот тим се концентрираа на случаите чии резултати биле контрадикторни, од кои седум се однесувале на животните, пет на растенијата и шест на печурките.
Научниците сакале да ги утврдат причините за контрадикциите, па споредиле поединечни гени на „соперниците на животинското филогенетско стебло со гените на нивните „сродници“ и утврдиле дека медузите порано се издвоиле од сунѓерите.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Nature Ecology&Evolution“.