Познатата глумица и добитничка на Оскар, Натали Портман го роди своето второ дете, девојче кое што ќе се вика Амалија.
Таа е во брак со францускиот кореограф Бенжамин Милипид, а заедно имаат и петгодишен син.
„Натали Портман и нејзиниот сопруг Бенжамин Милипид добија девојче Амалија Милипид на 22 февруари. Мајката и детето се во добра здравствена состојба“ стои во соопштението.