НАСА работи на планови за заштита на Земјата од астероиди

Од:

Американската Национална аеронаутичка и вселенска админстрација (НАСА) подготвува планови за во случај на приближување на астероиди кон Земјата, иако моментно нема таква закана, изјави раководителката на Управата за координација на планетарна заштита, Линдзи Џонсон во емисијата посветена на Меѓународниот ден на астероидите.

Главна цел на проектот, наречен ДАРТ, е пренасочување на поголеми астероиди, кои би се насочиле кон Земјата и избегнување евентуален судир кои би имал катастрофални последици.

Концептот е таков што, при закана во Вселената ќе се пуштат посебни вселенски летала што ќе се судрат со астероидот и ќе ја променат неговата траекортија. Но, за целосно застранување на вселенското тело, би биле потребни неколку такви судири.

Според научниците, досега се познати околу 16.000 поголеми објекти, но ниеден од нив не претставува сериозна закана за Земјата.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало