НАСА принта 3Д предмети во вселената

Од:

НАСА на Меѓународната вселенска станица постави 3Д принтер со кој ќе може да се изработуваат делови за станицата и разни алати што ќе бидат од корист на научниците.

Првиот 3Д принтер во вселената успешно го изработи и својот прв 3Д предмет и со тоа отвори нова ера во истражувањето на вселената, објави НАСА.

Првиот предмет создаден на 3Д принтерот е резервна плоча за куќиштето на самиот принер. Тоа е еден од 20 предмети што идната недела астронаутите планирааат да ги изработат.

На крајот од мисијата, астронаутите на Земјата ќе вратат предмети создадени на 3Д принтер, што научниците ќе може да ги анализираат пред да биде воспоставен постојан систем за 3Д принтање.

– Ова е првпат да користиме 3Д принтер во вселената и се уште учиме, дури и од првите дела, изјави раководителот на проектот Ники Веркхеисер.

НАСА 3Д принтерот го изработи со компанијата Мејд ин Спејс, а неговата цел е да се истражи можноста принтерот сам да произведува заменски делови во случај на потреба, што ќе го намали трошокот од праќање ракети.

Тест предметите служат за оценка на работењето на 3Д принтерот и пластиката во микрогравитација и во вселената. Екипата на Земјата ги анализира сите податоци од работата и врши прилагодувања за изработка на поквалитетни предмети во иднина.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало