НАСА објави фасцинантно видео: Првпат снимена експлозија на ѕвезда

Од:

Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) првпат успеа да сними блесок на ѕвезда која „умира“.

Експлозијата се случила на оддалеченост од 1,2 милијарди светлосни години од Земјата и траела 20 минути. Пред тоа, два дена ѕвездата станувала се посветла и поголема.

Згаснувањето на ѕвездата „црвен џин“ КСН 2011д е снимена од страна на телескопот „Кеплер“.

Иако ѕвездата е многу далеку од нашиот Сончев систем и нема влијание врз нас, астрономите од НАСА наведуваат, дека тоа е многу значајно случување, затоа што целиот живот во вселената потекнал од такви „супернова експлозии“.

Видеото кое НАСА го објави е анимација, но темелена врз основа на вистински податоци кои ги собра телескопот.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало